Почитувани!
Би сакале да ви појаснеме неколку работи околу климатизерите кои веруваме дека ке ви помогнат при изборот на посакуваниот модел. Пред да порачате клима уред најлошата работа при изборот е доколку се фокусирате само на цената. Секогаш согледајте ги карактеристиките на понудениот модел во однос на цената на климатизерот…
Еве ви неколку корисни параметри кои треба да ги земете во предвид пред да го направите изборот. Ве уверуваме дека не треба да бидете експерт за да го одберете вистинското решение за вас
- Кои се вашите потреби? Пример сакате да ладете/ греете одредена површина од Вашето живеалиште, за која квадратура на простор станува збор ? Доколку загревате ладете простор до 45м2 тогаш ви е потребен уред со моќност од 2,5 до 3.5kW , за простор до 65м2 – 5.5kW, и така натаму. Ние се потрудивме на Нашата продавница самите да ги внесете бараните параметри за моќност или просторија која сакате да ја ладите-греете. Можете да користете фитри во Нашата продавница за (моќност, простор,модел) и ке добиете препорака за најпогоден модел и избор на слични модели…
- Што значи енергетската ефикасност? обично се бележи со А+ , А++ , А+++ и во основа треба да ви е јасно дека колку повеќе плусови има толку имате поефикасно искористување на енергијата а тоа значи економичност и заштеда на енергија (ќе се одрази покасно на вашата сметка за електрична енергија)
- Додатни опции – во Нашата продавница се забележани сите додатни опции кои ги содржат клима уредите и сите тие опции го подобруваат работењето на клима уредот и така ја валоризираат вистинската вредност.
- Читајте и споредувајте ги карактеристиките на клима уредот за да направите вистински избор (ние ви даваме опција за споредба на слични модели)
- Доколку Ви се потребни повеќе информации контактирајте не !!!
Климатизација МК – Ви нуди најголем избор на климатизери , мулти сплит системи и топлински пумпи , разгледајте ги Нашите продукти , слободно споредувајте , пребарувајте и купувајте он лајн.

Најдобрата вредност за Вашите пари
Го цениме Вашето време и Вашите пари. Бидете сигурни дека она што ќе го одберете во потполност ќе ги содржи сите дадени карактеристики и ќе ја има зададената цена.
Важна напомена. можете слободно да ставате артикли во кошничката и да правите порачки. Кај нас не се плаќа однапред и нема да ви биат побарани ниту број од кредитна картичка.
Вашите порачки се прегледуваат од Нашите продажни агенти и ке бидете контактирани во рок од 12 часа од порачката за потвреда на истата. Плаќањето се врши исклучиво во продажниот салон на Климатизација МК по договорени услови. Значи слободно правете порачки , порачките не се финални!!!
Ваш Климатизација МК
Leave a reply