Климатизација МК Ви нуди голем избор на различни решенија за Мулти сплит системи. Во Нашата он лајн продавница ке ви ги претставуваме компонентите одделно за да можете самите да ја направите посакуваната комбинација за Вашиот мулти сплит систем. Еве ви неколкупрепораки како полесно тоа да го направите…
- секогаш тргнете од просторот кој го имате пресметан во меетри квадратни
- одредете колкав број на внатрешни единици ви се потребни и со колкава моќност
- збирот од моќност на внатрешните единици ќе ви даде на знаење колкав треба да биде капацитетот на надворешната единица
- одберете надворешна единица со соодветен капацитет и број на приклучоци за внатрешни единици
- побарајте помош од Нас доколку неможете да одредите – контактирајте не!!!
ПРИМЕР:
Вашиот стан има квадратура од 90м2 значи потребната моќност би се движела од 8 до 10kW. Сакате да поставите во три соби внатрешни единици значи треба да одберете три исти или различни внатрешни уреди но нивниот збир на моќност не смее да биде поголема од 10kW.
Според ова можете на пример да одберете една внатрешна единица со моќност до 3,5kW и две внатрешни единици со моќност до 2.5kW. Вкупниот збир на потребна моќност ќе биде 8.5kW. Тоа значи дека надворешната единица не смее да има помал капацитет од 8.5kW. Добро е капацитетот на надворешната единица да биде и поголем од потребниот како би добиле поефикасно и енергетски штедливо ладење и греење…

НАЈДОБРАТА ВРЕДНОСТ ЗА ВАШИТЕ ПАРИ
Го цениме Вашето време и Вашите пари. Бидете сигурни дека она што ќе го одберете во потполност ќе ги содржи сите дадени карактеристики и ќе ја има зададената цена.
Важна напомена. можете слободно да ставате артикли во кошничката и да правите порачки. Кај нас не се плаќа однапред и нема да ви битат побарани ниту број од кредитна картичка.
Вашите порачки се прегледуваат од Нашите продажни агенти и ке бидете контактирани во рок од 12 часа од порачката за потврда на истата. Плаќањето се врши исклучиво во продажниот салон на Климатизација МК по договорени услови. Значи слободно правете порачки , порачките не се финални!!!
За топлински пумпи и мулти сплит системи монтажата се наплаќа по договор во зависност од изведбата и потрошениот материјал. За ова ке бидете однапред контактирани.
Ваш Климатизација МК
Leave a reply